Дваесет и петти Меѓународен хорски фестивал Техо
Вкупно осум хорови, шест од Македонија и по еден од Албанија и Бугарија ќе учествуваат на 25. издание на меѓународниот хорски фестивал на православна духовна музика Техо што претстојната сабота и недела ќе се одржи во Тетово и Лешок информираше на денешната прес конференција во Тетово претседателот на Техо Ивица Зориќ.
Тој посочи дека и фестивалот со овогодинешното издание се вклучува во одбележувањето на јубилејот од 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски поради што сите осум хорови во своите реперотоари ќе изведат и најмалку една композиција посветена на свети Климент.
- Од Македонија на Техо годинава ќе настапат градскиот женски младински хор Менада од Тетово, градскиот мешан хор Гортинија од Гевгелија, мешаниот хор на КУД Стив Наумов од Битола, женскиот хор Свети Теофил Струмички од Струмица, женскиот хор Рустико од Скопје, додека од Скадар Албанија ни доѓаат мешаниот хор Роазафа Експрешен (Розафа Еџпрессион) под диригенство на Зеф Чоба и камерниот хор Иван Спасов од Пловдив Бугарија со диригентката Гергана Љуцканова, изјави Зориќ.
Саботните настапи на хоровите тетовци ќе можат да ги проследат во соборниот храм Светите Кирил и Методиј во Тетово, додека неделните хорски пеења ќе се изведат во духовно културниот центар Кирил Пејчиновиќ што се наоѓа во манастирскиот комплекс Свети Атансиј во Лешок.
Хорскиот фестивал Техо - Тетовски хорски одзиви, започна од 1973 година како биенале секоја непарна година, а од 2012 година во неговите рамки се одржува и меѓународниот фестивал на православна духовна музика во парните години. Реализирањето и на овогодинешното издание на Техо е подржано од министерството за култура, секторот за јавни дејности при општина Тетово како и повеќе фирми и поединци.
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа