Македонија
9. October 2017 - 10:48

Два земјотреси ја стресоа Македонија

Земјотрес од 3,2 степени според Рихтер пред повеќе од половина час бил почуствуван во близина на Ресен.

Според  Европскиот сеизмолошки завод  потресот бил на 5 километри северозападно од Ресен и 4 километри западно од Јанковец на 2 километри длабочина.

Пред еден час пак жителите на Пехчево почуствувале потрес кој  бил со јачина од 2,7 степени според  Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на 6 километри западно од Пехчево и 8 километри северно од Владимирово, исто така на 2 километри длабочина.