Свет
14. November 2021 - 17:07

Два силни земјотреса регистрирани во Иран

Два силни земјотреса денеска се регистрирани во јужната иранска покраина Хормозган во близина на пристанишниот град Бандар Абас, јави иранската државна телевизија.

Два земјотреса со интензитет од 6,3 и 6,4 степени според Рихтеровата скала во погодија јужен Иран. Земјотресите биле почувствувани и во неколку градови во провинцијата Хормозган.

Земјотресите биле почувствувани и во источниот дел на Обединети Арапски Емирати.

Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, но испратени се спасувачки екипи во погодениот регион.