Фудбал
3. April 2021 - 9:08

Два пријателски меча на женските фудбалски репрезентации на Северна Македонија и Косово месецов во Скопје

Женската фудбалска репрезентација на Косово ќе гостува месецов во Македонија, каде што со домаќинките ќе одигра два пријателски меча, објави денеска Фудбалската федерација Косово (ФФК) на својата веб-страница.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, косовските фудбалерки ќе допатуваат во Скопје на 6-ти, додека натпреварите ќе се одиграат на 8 и 11 април.

Според објавата на ФФК, селекторката на косовската репрезентација, Афердита Фазлија за овие натпревари ќе може да смета само на две фудбалерки кои играат во странство, додека сите останати ќе бидат од домашните клубови.