Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
Два пожара на отворено биле евидентирани изминатото деноноќие и покрај врнежите од дожд, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот бил на територија на општина Тетово, а другиот во општината Шуто Оризари.
Според ЦУК, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица - Тетово од 11.20 до 12.10 часот, со двајца пожарникари и едно противпожарно возило, интервенирале на запалена дива депонија во селото Фалише.
Скопските пожарникари од 18.15 до 20 часот синоќа, гаснеле запаленo ѓубре на површина од 10 метри квадратни, покрај патот за Горно Оризари, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
- Метеоролозите од УХМР најавија дека денеска, а и во наредните неколку дена, во попладневните часови, времето ќе биде локално променливо. Потсетуваме за голема внимателност при локалните нагли метео-промени, особено при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да потсетиме и за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево, се наведува во соопштението на ЦУК.
За 24 часа, ЦУК регистрирал 1.790 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи -112, од коишто „реални“ - 59,86 отсто, а 40,06 проценти - за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 70,42 отсто, кон Итната медицинска помош - 23,75 проценти, а кон пожарникарите - 2,50 отсто од реалните повици.
Ново на Сител
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот