Два нови случаи на Ковид-19 во државава
Два нови случаи на Ковид-19 се регистрирани изминатата недела - од 24 до 30 март, соопшти попладнево Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија.
Тестирани биле вкупно 213 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-ков-2 (SARS-CoV-2), за 1,8 проценти помалку во однос на минатата недела.
- Во текот на 2025 година, а заклучно со 30 март, регистрирано е вкупно 31 заболено лице. Бројот на заболени лица во месец март 2025 година е за три помал во однос на месец февруари 2025 година. Во текот на 2025 година, а заклучно со 30 март, тестирани се вкупно 3.973 материјали, во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-ков-2 и во лабораториите - здравствените установи каде се спроведува брз антигенски тест, појаснуваат од Институтот.
Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања.
- Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход - како што се повозрасните лица, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Воведени се драстични промени во работата по скандалот на Онкологија, смируваат од клиниката
-
Мајмунски сипаници потврдени кај двајца 40-годишници од Скопје, не се познавале и не патувале надвор
-
Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на парното
-
Одбележани 76 години од основањето на УКИМ - наградени најдобрите студенти
-
Преглед на вестите од светот
-
Д Фестивал годинава со хуман карактер за настраданите во кочанската дискотека
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури