Два конзорциума со понуди за купување на грчкиот оператор за пренос на гас ДЕСФА
- Два конзорциума, едниот кој ги вклучува италијанскиот СНАМ, белгискиот Флуксис и шпанскиот Енагас, а другиот - шпанската Реганоса, романскиот Трансгаз и Европската банка за обнова и развој, денеска ги поднесоа своите понуди за купување 66 отсто од грчкиот оператор за пренос на гас ДЕСФА, јави грчката телевизија ЕРТ.
Избраниот инвеститор ќе биде објавен до крајот на неделава. Ова е втор обид за приватизација на компанијата ДЕСФА.
При првиот обид азербејџанската државна компанија „Сокар“ понуди 400 милиони евра, но продажбата не беше завршена поради барањата на Европската унија и поради промените во условите на трансакцијата што Атина ги побара, а кои не беа прифатени од азербејџанска страна.
Се очекува продажбата на 66 отсто од акциите на ДЕСФА да го отвори патот за друга продажба на 50,1 отсто од акциите на Хеленик петролеум, што е поврзано со крајната цена на гасниот оператор.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес