Два кинески града ги повикаа жителите да останат дома поради нови случаи на Ковид-19
Властите во два кинески града јужно од Пекинг ги повикаа жителите да останат во своите домови седум дена, бидејќи се обидуваат да ја контролираат епидемијата на коронавирусот во која над 300 луѓе биле тестирани позитивно во изминатата недела.
Според официјалните соопштенија објавени на социјалните мрежи, градовите Шидјиажуанг и Сингтаи во провинцијата Хебеи го ограничија движењето на населението во рамките на општините и селата и забранија собири.
Хебеи пријави 14 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени во оваа последна епидемија достигна 137. Пронајдени се уште 197 асимптоматски лица кај кои исто така имале позитивен тест за вирусот. Кина не вклучува асимптоматски случаи во потврден број на коронавирус инфекции.
Пекинг бара работниците од Хебеи да покажат доказ за вработување во Пекинг и негативен тест за вирус пред да влезат во главниот град.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови