Македонија
29. December 2018 - 17:19

Два гола на Роналдо за победа на Јуве

Со двата гола на Кристијано Роналдо, екипата на Јувентус ја победи Сампдорија со 2-1 во воведниот дуел од 19.коло на италијанската Серија А. 
 
Првиот гол Португалецот го постигна уште во 2.минута за водство на Јуве од 1-0. 
 
Половина час подоцна беше досуден пенал за гостите кој во израмнување го претвори Фавио Кваљарела. 
 
Во вториот дел односно 65.минута речиси слична ситуација, но овојпат во шеснаесетникот на Сампдорија, по што судијата Валери покажа на белата точка, а Роналдо беше сигурен реализатор на најстрогата казна, за победа на Јуве од 2-1. 
 
Тоа беше 17-тиот триумф на Јувентус кој во полусезоната нема пораз и има две нерешени средби, а со освоени 53 од можни 57 бодови „старата дама„ постави  нов рекорд