Loading Video...
Фудбал
27. November 2021 - 19:54
Два гола на Каланоски за нов триумф на Силекс
Лидерот во Втората лига запад, Силекс ја продолжува успешната серија на игри и победи. Денеска во Кратово убедливо со 3-0 совладана екипата на Охрид.
Домашните ја потврдија фаворитската улога уште во 9-тата минута кога Каланоски го отвори резултатот а до крајот на првиот дел Танушев зголеми на 2-0.
Во вториот дел Силекс го чуваше водството но и без многу притисок постигна и трет гол повторно преку Каланоски што беше и конечни 3-0 за вкупно 34 бода на врвот на табелата пред Воска со 25 и Вардар со 20 бода.
Еве ги комплетните резултати од двете второлигашки конкуренции.
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД-12.коло
СИЛЕКС – ОХРИД 3:0
КАДИНО – ТЕТЕКС 0:1
БЕСА – ГОСТИВАР 1:1
ВЕЛЕШТА – КОРАБИ 2:2
ВОСКА – ВАРДАР 2:1
ВТОРА ЛИГА ИСТОК -12.коло
БРАТСТВО – ОСОГОВО 2:4
СЛОГА (В) – ТИМ ЛОКОМОТИВА 3:0
САСА – ПОБЕДА 3:0
КОЖУФ – ДЕТОНИТ 1:1
КИТ ГО – БЕЛАСИЦА 0:1
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->