-->
-->
Дурант: Мојот прв НБА дрес беше од Винс Картер од Торонто
-->
Напаѓачот на Бруклин нетс, Кевин Дурент постигна 36 поени ноќеска во победата над Индијана (116:109) и го престигна славниот Винс Картер на листата на најефикасни играчи во НБА.
– Многу ми значи. Сакам да постигнувам поени. Ова е суштината на играта. Затоа сите играме кошарка. Го менуваме резултатот на семафорот, ја менуваме играта, не споменуваат заедно со легендите. Мојот прв НБА дрес е од Винс Картер од времето кога играше за Торонто. Порано го следев на млада возраст, а сега го победив по постигнати поени. Ова е важен момент во мојата кариера, рече Дурант.
Ѕвездата на Бруклин сега има 25.754 поени во кариерата, додека Картер има 25.728.
Дурант се искачи на 19. место на вечната листа стрелци во најсилната кошаркарска лига на светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга