Дуото Потевска Попивода и Павловски настапи во Софија
Македонските музички уметници Емилија Потевска Попивода и Бранко Павловски, кои синоќа настапија во музичкиот центар „Борис Христов“ во Софија, со долготрајни аплаузи беа вратени на бис.
На програмата „Џез импресии“ за пијано и кларинет, беа изведени „Рапсодијата во сино“ од Џорџ Гершвин, „Историјата на тангото“ од Астор Пјацола, „Сонатата“ од Леонард Бернштајн и „Кончертино“ од Анте Гргин.
На концертот, освен претставници од дипломатскиот кор, беа присутни и бројни бугарски и странски музички уметници. Во име на Амбасадата на Република Македонија во Софија, македонските уметници ги поздрави и претстави директорот на македонскиот центар во Софија Васко Шутаров.
Концертот на Потевска Попивода и Павловски е дел од годишната програма на центарот за 2016 година и финансиски е поддржан од Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот