Македонија
6. December 2021 - 16:49

ДУИ прифаќа и нов мандатар, Алијанса разочарани од потегот на Алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ очекува соработка на локално ниво

За ДУИ е прифатлив и друг мандатар во новата Влада која вчера ја договори премиерот во заминување Зоран Заев со лидерот на Алтернатива Африм Гаши иако подобро би било тоа сепак, да е Заев, вели првиот вицепремиер и генерален секретар во партијата на Ахмети – Артан Груби. Интегративците немаат проблем ни со тоа што Алтернатива со само 4 пратеници доби три министери и над 40 директори.

- Зошто не би бил прифатлив нов мандатар. Ја почитуваме одлуката на СДСМ, кого и да изберат тие за претседател, кого и да го предложат за мандатар секако. Ние всушност во Владата отстапивме од МИОА, но го добивме ресорот земјоделие, којшто е многу голем и каде што имаме многу, многу значајни проекти, коишто ги имаме зацртано во нашата програма и за коишто ни е многу значајно да ги имплементираме, вели Груби.

Груби смета дека Алтернатива ќе соработува со владините партнери и на локално ниво.

Од СДСМ пак, коментираат дека оваа владина коалиција е добра за европеизација на општеството.

По вчерашниот договор Заев-Гаши се распадна и пратеничката група на Алијанса наАлбанците и Алтернатива. Денеска пратениците на Села информиаа за своја пратеничка група. Коментираат дека се изненадени од леснотијата со која Гаши ја променил страната

„Тој договор се потпишува со претставници на мнозинство, кое според сите индикатори и сите показатели е најлошото мнозинство, односно најнеефикасната и најнефункционалнта власт во триесетте  години плурализам во Република Северна Македонија. Реално сме изненадени од ваквиот чекор на досегашниот наш политички партнер. Ова е нов момент и очекуваме следните денови, органите на партијата да заземат став и за можната идна соработка со Алтернатива на локално ниво“, вели Илми Азири.

И покрај тоа што оценуваат дека е грешен потек и од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат дека ќе се почитва договорената соработкав со советниците на Гаши во локалните совети.

Заев и Гаши вчера постигнаа договор за влез на Алтернатива во Владата со што мнзиинствотот во парламентот ќе брои 64 пратеници. И покрај тоа Гаши рече дека е подготвен да остане во колиција со Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.