ДУИ: Фер, слободни и демократски избори со мали нерегуларности
Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вечерва по завршувањето на гласањето изјави дека предвремените парламентарни избори биле слободни, фер и демократски со мали нерегуларности кои не влијаат на конечниот резултат на изборите.
- Овој начин на гласање ДУИ го смета како прва нејзина победа, бидејќи секогаш кога ние сме на некој начин организатори на изборите преку учество во владините институции покажуваме како се организираат избори, овозможуваме граѓаните на достоинствен начин и слободно да ја изразат својата волја. Останува сепак најважната фаза од изборите, а тоа е пребројувањето на гласовите, рече Османи.
Од ДУИ апелираат до сите нивни активисти и набљудувачи во изборниот процес, но и до сите граѓани да останат достоинствени и во оваа важна фаза од изборите.
- Во моментот кога ќе имаме резултати ќе бидат објавени, рече портпаролот на ДУИ додавајќи дека тие очекуваат, како што рече, длабока победа на денешните избори.
Ново на Сител
-
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
-
Протестот во Кочани продолжи пред Обвинителството и Основниот суд
-
Вучиќ: Ќе примиме 29 повредени Македонци во Србија
-
Byчиќ во посета на повредените од Кочани кои се на лекување во УКЦ на Србија
-
Амбасадорката на Србија Јовановиќ: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград
-
Демолирани локалите на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Собранието отвора Книга на жалост за настраданите во несреќата во Кочани
-
Протест во Кочани