ДУИ: Фер, слободни и демократски избори со мали нерегуларности
Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вечерва по завршувањето на гласањето изјави дека предвремените парламентарни избори биле слободни, фер и демократски со мали нерегуларности кои не влијаат на конечниот резултат на изборите.
- Овој начин на гласање ДУИ го смета како прва нејзина победа, бидејќи секогаш кога ние сме на некој начин организатори на изборите преку учество во владините институции покажуваме како се организираат избори, овозможуваме граѓаните на достоинствен начин и слободно да ја изразат својата волја. Останува сепак најважната фаза од изборите, а тоа е пребројувањето на гласовите, рече Османи.
Од ДУИ апелираат до сите нивни активисти и набљудувачи во изборниот процес, но и до сите граѓани да останат достоинствени и во оваа важна фаза од изборите.
- Во моментот кога ќе имаме резултати ќе бидат објавени, рече портпаролот на ДУИ додавајќи дека тие очекуваат, како што рече, длабока победа на денешните избори.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
ЦУК: Можно зголемување на водостојот на реките во западниот дел на земјава
-
Шпанското обвинителство бара 4 години и 9 месеци затвор за Карло Анчелоти за финансиска измама
-
Вештачење: Струјата вo модуларната болница ја инсталирале нестручни лица од болницата
-
Вештачење: Струјата во модуларната болница ја инсталирале нестручни лица од болницата
-
Без струја утре дел од Трубарево
-
Службени лица без налог насилно влегле во дом и го нападнале сопственикот пред неговиот син
-
Нови 511 заболени од грип, пад од 39,1 отсто споредено со претходната недела