Дуда: Можната употреба на нуклеарно оружје е очајнички и луд потег
Полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за полската државна телевизија ТВП изјави дека никој во ОН „не бледнее од страв“ поради заканите кои доаѓаат од Русија, вклучително и за нуклеарно оружје.
– Рускиот лидер на некој начин направи грешка кога сугерираше нуклеарна закана бидејќи реакцијата е спротивна. Земјите кои беа внимателни во проценките за Русија сега се во недоумица поради тоа што Путин се движи кон такви сугестии, рече полскиот претседател.
Дуда потсети дека Русија не е единствената нуклеарна сила и оти такво оружје имаат и САД.
– Ако САД ја сфатат сериозно оваа закана, тоа е закана и за самата Русија. Ако Русија помине преку сите табуа кон земја која не поседува нуклеарно оружје и која денес ја брани својата територија исклучиво со конвенционално оружје, ако дури и тактичко нуклеарно оружје се употреби против таа земја, Русија може да очекува одговор, изјави Дуда за полските медиуми во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на ОН.
Полскиот претседател можната употреба на нуклеарно оружје ја нарече очајнички и луд потег.
– Доколку Путин и неговото опкружување одлучат да преземат таков очајнички, луд потег, тоа ќе биде како престанат да постојат за општествата на цивилизираниот демократски свет. Тоа не би била само опасност да им се суди за кривична одговорност и закана од долги затворски казни, туку тоа би било исклучување од цивилизираниот свет, и за нив и за Русија сè додека се тие на чело, рече Дуда.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти