Loading Video...
Кошарка
21. September 2019 - 16:58

Дуда Ивковиќ и Октај Махмути одржаа предавање на македонските кошаркарски тренери

Иако до стартот на кошаркарскиот шампионат има уште две седмици, денеска и утре во организација на Здружението на тренери при КФМ, се одржува интересен едукативен семинар
 
Во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, се одржува задолжителниот семинар за кошаркарски тренери, кои аплицираат за добивање на лиценца. 
 
Во улога на предавачи на овој семинарот кој го носи името на легендарниот македонски тренер „Лазар Лечиќ“, се и светски признатиот Душан Дуда Ивковиќ, кој имаше одлична соработка со актуелниот претседател на МКФ, перо Антиќ во Олимпијакос, како и скопјанецот Октај Махмути поранешниот тренер на Анадолу Ефес, Бенетон, Галатасарај, Дарушафака итн, кој во кошаркарските кулоари важи за еден од главните фаворити за наследник на Јорданчо Давитков на местото селектор на машката репрезентација на Македонија. 
 
Меѓу предавачите беше и Ненад Труниќ, кој даде особен белег во начинот на едукација во младите категории. 
 
Ова е последен дел од проектот „Едукација на кошаркарските тренери“, во чиј рамки и минатиот викенд се одржуваше теориски и практичен дел со предавања од страна на професорите на ФФОСЗ како и неколкумина македонски тренери.