ДСЗИ: Вонредни инспекциски надзори во училиштата каде што има пријави за салмонела
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во текот на денешниот ден во соработка со претставници од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство врши вонредни инспекциски надзори во училиштата каде има пријава за заболување со салмонела.
ДСЗИ соопшти дека се врши надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување.
Инспекторатот вчера бил информиран од Центарот за јавно здравје - Скопје дека во одделението за епидемиологија се пристигнати седум пријави за заболување од заразна болест со Dg. Salmonellozis кај ученици кои посетуваат настава во три основни училишта на територија на Општина Карпош и тоа: ООУ Владо Тасевски, ООУ Војдан Чернодрински и ООУ Јан Амос Коменски, Општина Карпош, Скопје.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање