Македонија
27. November 2020 - 16:37

ДСЗИ побарал од директорката на битолската болница да најде соодветен простор за починатите пациенти

Битолската болница мора да обезбеди адекватна просторија за починати лица или да биде проширена постојната морга. Вакво задолжение добила директорката од инспекторите на ДСЗИ. По морбидните слики споделени во јавноста како починати пациенти лежат со часови до лица кои примаат инфузија во дневната болница, беше направен вонреден надзор.

- Овој објект бил за реновирање со решение од ДСЗИ пред пандемијата и требало да биде пренаменет во геријатриски центар. Поради напливот на пациенти овој дел од болницата е отворен за употреба освен санитарниот јазол, вели Бухова. Во меѓувреме во тек се уште 9 инспекциски надзори на други болници.

Се уште нема конкретен протокол за лекување на КОВИД 19 на заразените тврди министерот. Терапијата од матичните е согласно насоките кои им се дадени и клиничката слика на пациентите.

- Болниците имаат капацитет за нови хоспитализации, тврди министерот Филипче. Следната недела ќе биде отворена и приватната клиника каде Министерството ќе ја користи како дополнителен капацитет од 100 кревети.