ДС: Повлекување од изборниот процес на сите вклучени во прислушувањето
Демократскиот сојуз (ДС) по објавувањето на информациите од СЈО, по чија наредба незаконито се прислушувале граѓаните, што била целта и кој се бил „корисник” на прислушуваните разговори, бара одговорност и повлекување од изборниот процес на сите кои биле вклучени.
- Се потврдија сомненијата на ДС дека прислушувањето е вршено по налог на раководството на МВР, дека прислушувањето е вршено преку системите на МВР и дека корисници на прислушуваните разговори биле носителите на високи државни позиции. Пред две години и сега бараме, политичка и кривична одговорност за сите актери на ова злосторство и спрема сопствениот народ и држава, вели ДС во пишано соопштение до медиумите.
Од партијата посочуваат дека со изборите не може и нема да се покрие кршењето на човековите права и криминалот.
Ново на Сител
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници