Државниот совет на Франција одби да ја суспендира вонредната состојба
Државниот совет на Франција соопшти дека одбива да ја суспендира вонредната сотојба во Франција воведена по терористичките напади од 13 ноември во Париз, јави дописникот на МИА.
Барањето за целосно или делумно укинување на вонредната сотојба беше поднесено од Лигата за човекови права, но судијата кој го разгледа барањето денеска оцени дека „непосредната закана која не исчезна ја оправдува вонредната состојба“.
Државниот совет исто така потсетува дека вонредната ситуација беше продолжена со закон и дека не е под негова надлежност да го суспендира законот.
Ова досие е посебно чуствително во моментот кога француската Влада се подготвува по вторпат да ја продлжи вонредната состојба за уште три месеци. Гласањето за продолжување на вонредната состојба е предвидено на 9 февруари во Сенатот и на 16 февруари во Националното собрание на Франција.
Ново на Сител
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија