Македонија
23. April 2020 - 10:18

Државниот карантин денеска завршува за уште 234 лица

Од почетокот на корона кризата со решенија од Државниот здравствен инспекторат во изолација беа сместени 4.288 лица.

Државниот карантин денеска го напуштаат уште 234 лица. Со ова во државен карантин остануваат уште 1.653 лица.

Тренд на намалување имаме и кај бројот на граѓани кои се во самоизолација. До сега поради оваа владина мерка наметната поради заштитата на граѓаните од заразата , изјава за самоизолација вкупно потпишале 8.850 граѓани,  Со оваа мерка веќе не се опфатени 6.591 лице. Во самоизолација остануваат само уште 2.259 лица.