Државната обвинителка на Босна и Херцеговина санкционирана од САД
Шефицата на Обвинителството во Босна и Хергцеговина, Дијана Кајмаковиќ, е санкционирана од САД поради континуирани обиди за поткопување на демократијата и владеењето на правото во земјата, но и поради корупциски скандали, потврдија синоќа од Стејт департментот.
Лицата ставени на „црната листа“ на Вашингтон не смеат да патуваат во САД и им се замрзнува имотот во земјата, забраната се распространува и на најблиските роднини. -Кога се работи за Западен Балкан, една од целите е работа со владите и со народите од регионот за таргетирање, отстранување и искоренување на корупцијаа.
Санкциите се еден важен инструмент во реализиација на тоа, изјави портпаролот Нед Прајс. Тој додаде дека санкциите објавени од американското Министерство за правда се однесуваат на државен јавен обвинител кој се ангажирал во чинови на корупција.
-И покрај обврските на избегнување малверзации во извршувањето на обвинителската должност, Дијана Кајмаковиќ е флагрантен пример на корумпиран државен обвинител на Босна и Херцеговина, поврзан со криминални организации, се вели во соопштението од Министерсвото.
По доаѓањето на Џо Бајден на власт, американските институции по четврти пат преземаат мерки насочени против лица кои, меѓу другото, се одговорни или учествувале во корупција или поткопување на демократските процеси или институции во Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација