Државна лотарија со караван ја носи новогодишната магија во Скопје
Почитувани,
Во пресрет на новогодишните празници, Државна лотарија на Македонија во втората половина на месец декември ќе ја донесе магијата на празничното новогодишно расположение во Скопје преку реализација на караванот “Зимска новогодишна бајка”.Проектот предвидува оддржување на еднодневни јавни настани кои ќе се оддржат во општините Центар, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Аеродром и Гази Баба.
Еднодневните настани ќе започнуваат во 18:00 часот и ќе траат до 23:00 часот.
Во првиот дел од програмата е предвидено оддржување на забавна програма за деца во која најмладите жители на општините во Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапот на Детскиот фестивал Поточиња, а истовремено и да проследат театарската претстава на Театарот Чекори, бесплатно да се фотографираат со Дедо Мраз и да се забавуваат со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.
Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.
Скопјани ќе имаат можност на настаните да уживаат со топол пијалок и добра храна.
Караванот ќе започне во општина Центар на 17.12.2024 година на скверот Јадран, а ќе заврши во општина Гази Баба на 29.12.2024 година на плоштадот во Автокоманда.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани