Државјаните од земјите на ЕУ годишно даваат 24 милијарди евра за дрога
Државјаните на Европската унија секоја година трошат околу 24 милијарди евра на нелегални дроги, што значи дека трговијата со дрога е една од најпрофитабилните активности на организираните криминални групи, се наведува во денеска објавениот извештај на Европскиот центар за надзор на дрогите и зависностите од дрога (EMCDDA).
Во извештајот се наведува дека појавата на нови технологии, како шифрираните мрежи и дигиталните валути, го отворија пазарот за снабдување со дрога преку Интернет, пренесуваат британските медиуми.
Бидејќи е постигнат технолошки напредок, организираните криминални групи трагаат по нови патишта за криумчарење на дрогите во Европа, се додава во извештајот, во кој се истакнува дека е зголем шверцот на хероин преку јужен Кавказ.
Директорот на Европол, Роб Ванрајт, оценува дека соработката меѓу државите членки на ЕУ е неопходна за да се реши проблемот, бидејќи. истакнува тој, криминалните мрежи вмешани во трговијата со дрога често пати делуваат и во други криминални области.
-Усогласената прекугранична соработка во примена на законите е клучна за намалувањето на нивниот обем и влијание, наведе Ванрајт.
Ново на Сител
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението