Државите од Западен Балкан учат за примена на ИКТ технологии во земјоделството
Претставници од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина учествуваат на Регионален форум за е-земјоделство што се одржува во Нови Сад во организација на ФАО.
На тридневниот форум ќе се разговара за тоа како со примената на информатички и комуникациски технологии можат земјоделството и производството на храна да бидат поефективни, побезбедни, еколошки здрави и профитабилни за земјоделците.
- Земјоделците можат добро да ги искористат информатичките и комуникациските технологии во планирањето, производството и маркетингот на нивните производи, вели Невена Александрова-Стефанова, службеник од ФАО за земјоделски иновациски системи и размена на знаење.
Таа додава дека придобивките од технологијата не доаѓаат сами по себе, туку се потребни соодветни политики, инфраструктура и регулативи со цел сите да имаат еднаква корист и никој да не биде изоставен.
Од ФАО ги поттикнуваат државите да развијат стратегии за е-земјоделство, како и патоказ за имплементација. Ова како пилот проект веќе е спроведено во регионот на Азија и Пацификот, како и во Албанија, каде што беше развиен едношалтерски систем во рамки на проект на ФАО.
Е-земјоделството подразбира дизајнирање, развивање и примена на иновативни начини за користење на информатички и комуникациски технологии во руралниот домен.
Ново на Сител
-
Отчет на претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска
-
Шокаровски: Моето разрешување е незаконско
-
Стоилковски: Од вчера не работат апаратите за компјутерска томографија
-
Таки Фити: Внимавајте со трошењето и задолжувањето на државата
-
Студентите од Штип во Кариерен центар на УГД
-
Акција за чистење на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание