Македонија
16. September 2017 - 9:29

Државен натпревар по прва помош

Под  мотото „Несреќи во домовите“ денеска на плоштадот во населбата Автокоманда ќе се одржи 26. Државен натпревар по прва помош, во организација на Црвениот крст на Република Македонија.

На натпреварот  е најавено учество на 23 екипи од општинските организации на Црвениот крст на РМ.

На отворањето на натпреварот е најавено обраќање на претседателот на Црвениот крст Ромел Велев и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.