Бизнис
5. February 2020 - 16:39

Државата ќе исплаќа К-15 за дел од администрацијата

Со воведување на К -15  за дел од  администрацијата нема да може  да се стимулираат работници  да заминат во приватен сектор- реформа со која владата планира да го намали бројот на вработени во државните јасли. Вака дел од екпертите ја коментираат вчерашната одлука на владата да го прифати колективниот договор на УПОЗ со што на  дел од административците  им се врати правото на регрес. Велат дека е во ред и овие  луѓе да добиваат К-15 , но потребни се сериозни анализи за  да се види дали буџетот може да го издржи тоа.

Од друга страна, вицепремиерката Царовска смета дека нема ништо спорно во тоа тие да  добиваат К-15. Тврди тоа ќе биде мотив за нив подобро да работата.

Од Финансии, пак, тврдат дека исплатата на регресот во администрацијата нема да влијае на буџетот.

По одлуката на владата реагираа и од синдикатот на просветните работнции СОНК. Сметаат дека е дискриминирачка и исплатата на к-15 во јавната администрација треба да се реши со општ колективен договор и да важи за сите вработени.

Со прифаќањето на колективниот договор на УПОЗ од страна на владата  практично до крајот на годинава на близу 20. 000 вработени во министерствата, судовите, обвинителстватав , казнено и воспитно поправните домови, правобранителството , општинските работници , агенциите , фондовите,  центрите за социјални работи и други органи основани од собранието ќе треба да им се исплати регрес во висина  од минимум 9.000 денари. Овие работници се стекнуваат и со право на дневници за  покривање на трошоците за ноќевање и превоз за службени патувања, на денови на платено отсуство до седум дена во годината и право на неплатено отсуство.

Утре се очекува УПОЗ и министерот за админситрација Манчевски да го потпишат колективниот договор.