Дрвокрадци од Охрид нападнале шумар и припадник на Шумската полиција
\Кривични пријави заработија две лица од Охрид, поради физички напад врз службени лица вработени во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и на Шумската полиција.
Според полициското соопштение, инцидентот се случил пред три дена, поколу 19 часот кај меноста „Тројанско поле“ во атарот на охридското село Долно Лакочереј, при обид за проверка на патничко возило натоварено со дабово дрво. Шумарот на должност бил нападнат од лицата И.Б. (26) и9 Р.Ф. (23), веднаш откако биле сопрени. Притоа му нанеле повеќе удари со раце и нозе по целото тело, по што со истото возило избегале кон излезот на селото.
По кусо време нивното возило се обидел да го сопре и припадник на шумската полиција. Забележувајќи го службено возило на полицијата, двајцата пријавени продолжиле да бегаат по друг пат и по кратко време, немајќи каде понатаму застанале во куќен двор. При излегување од возилото, пријавените се обиделе со моторна пила да го повредат шумскиот полицац, по што избегале од местото на настанот.
По преземени оперативни мерки, Секторот за внатрешни работи од Охрид ги пронајде и ги приведе И.Б. и Р.Ф. по што извршен е разговор со нив, во присуство на Јавен обвинител и нивно препознавање од страна на двајцата оштетени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување