Друштвото „Илинден“ побара од Албанија признавање на Република Македонија под уставното име
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, во име на Македонците во Албанија побара од официјална Тирана да ја признае Република Македонија под уставното име.
- Од име на сите Македонци што живеат во Албанија, барање за признавање на нашата матична земја под уставното име доставивме до претседателот на државата Илир Мета, до премиерот Еди Рама, до претседателот на парламентот Грамоз Ручи, како и до лидерите на најголемите опозициски партии, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Во писменото барање до претседателот Мета, а истото е содржано и во барањето до другите релевантни структури, стои дека Република Албанија, како соседна и пријателска земја, треба да ја признае Републка Македонја под нејзиното уставо име, а не со референцата ПЈРМ.
- Признавањето на Република Македонија со нејзиното уставно име позитивно ќе влијае во унапредување на и така добрите билатерални односи. Меѓу двете земји се остварени низа средби на различно ниво, што претставува солидна база за проширување и зајакнување на соработката во повеќе области, меѓу двете земји, регионот и пошироко, за прашања од заеднички интерес, стои во барањето.
Во барањето потсетуваме, додава Ѓурѓај, дека Република Макдонија под уставното име ја имаат признато 133 држави, вклучувајќи ги и трите земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина.
Албанија е меѓу првите земји кои ја призна Република Македонија, но под референцата ПЈРМ. Неколку години потоа, во блатералното обраќање почна го користи името Република Македонија.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ