-->
-->
Дрогба продолжува во МЛС лигата
-->
Дидие Дрогба, својата кариера ја продолжува во МЛС лигата. Тој потпиша договор со клубот Монтреал Импакт, објави клубот на својата интернет страница.
-Ова е еден од најголемите успеси за нашиот клуб. Дидие Дрогба е наш член. Уште од самиот старт на разговорите почувствував дека сака да игра за нас, изјави претседателот на клубот, Џои Сапуто.
Легендарниот напаѓач на Челси ова лето си замина од „Стемфорд бриџ“, иако менаџерот Жозе Мурињо му понуди улога како асистент во стручниот штаб. Сепак, Дрогба сепак сметаше дека се уште може да игра фудбал на врвно ниво и реши да се пресели во МЛС лигата, каде што во последниот период се преселија неколку ѕвезди на светскиот фудбал како Андреа Пирло, Стивен Џерард, Франк Лампард, Давид Вилја, Рикардо Кака и други.
Минатата сезона Дрогба во Челси одигра 26 натпревари и постигна четири погодоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка