Дрезден: Експлозија на бомба во џамија и конгресен центар
Две импровизирани бомби експлодираа синоќа пред џамија и меѓународен конгресен центар во германскиот град Дрезден, јави ТАСС.
Локалната полиција соопшти дека при експлозијата нема повредени лица.
- Иако досега никој не презеде одговорност, мораме да се базираме на тоа дека мотивот бил ксенофобија, наведе шефот на локалната полиција, Хорст Кречмар.
Засега нема податоци колкава штета е нанесена врз објектите.
Пред конгресниот центар е пронајден остаток од експлозивот, пренесува БТА.
Засилени се мерките за безбедност пред сите џамии во Дрезден.
Следниот месец градот ќе биде домаќин на националната прослава по повод обединувањето на Германија.
Дрезден е престолнина на провинцијата Саксонија, каде во последно време има доста напади мотивирани врз расистичка основа.
Ново на Сител
-
Малолетничка физички нападната од страна на вработено лице пред училиште
-
Ватикан: Папата покажува постепено подобрување, намалена потреба за маска за кислород
-
Поевтинуваат горивата
-
39-годишен маж пронајден мртов во својот дом
-
Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско село оштетен за 77.461 денари
-
Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
-
СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија