Македонија
1. November 2017 - 12:12

Драстично намалено нивото на Дојранско езеро во ноември

Дојранското Езеро и денеска бележи драстично зголемување на нивото, од – 81 сантиметри колку што е просекот за ноември, на 170, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Хидролошките мерења покажуваат дека нивото на Охридско Езеро е седум пати пониско, а на Преспанското е малку над просекот.

Како што соопшти УХМР, двојно пониски се водостоите на Вардар кај Скопје – Зајчев рид, Пчиња кај Катлановска Бања и Крива река кај Крива Паланка, тројно понизок е на Црна река кај Новаци, додека пет пати понизок е водостојот на Црни Дрим кај Ложани.

Само 13 сантиметри над просекот е нивото на реката Сушево кај Струмица.