-->
-->
Драматично видео од Турција: Полицаец му го спаси животот на војник
-->
Во моментите на општ хаос на турските улици, кога едни против други се најдоа полицајците и војниците се случи момент кој треба на сите да ви послужи како пример.
Бесен граѓанин, еден од оние кои турскиот претседател Ердоган ги повика да излезат на улица и да го одбранат демократскиот поредок, фрли димна бомба или солзавец во отворот на тенкот, притоа буткајќи го со нога војникот кој очајнички се обидуваше да излезе.
По тоа, од густиот облак чад се појави војникот, држејќи се за глава и молејќи ги за помош двајцата граѓани кои му пријдоа.
Сепак, бидејќи тие не сакаа да му помогнат, се појави полицаец со гас маска, кој едвај успеа да го извлече дезориентираниот војник и веројатно да му го спаси животот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР