Балкан
19. December 2018 - 22:00

Драматично спасување на Црното море: Со часови вадеа луѓе од насуканиот товарен брод во Турција, се заглавил на пат кон Русија

Турскиот крајбрежен тим за вонредни ситуации спаси 16 членови на посадата на турски товарен брод кој се насука во Црното море, а таа драматична операција траеше неколку часа.

Бродот „Наталија“ кој пловел под знамето на Коморските острови, пловел по немирно море на патот од Русија кон Истанбул, пренесува АП.

Бродот се насука недалеку од градот Шиле, источно од Истанбул.

На видео снимките се гледа спасувањето на еден од членовите на посадата.

Како што се наведува, нуркачите и медицинските работници беа во приправност во текот на акцијата за спасување.