Драматично предупредување на командантот на американските маринци: Подгответе се за војна во овие два региони
Командантот на американските маринци во обраќањето до трупите стационирани во Норвешка, ги предупреди војниците да бидат подготвени за предстојната војна.
„Се надевам дека грешам, но војната доаѓа. Со самото ваше присуство тука, вие водите политичка и информациска војна“, изјави генералот Роберт Нелер во Норвешка, додавајќи дека во блиска иднина, Русија и Пацификот би можеле да бидат области на конфликт.
И неговиот колега, Роналд Грин има исто мислење: „Сетете се зошто сте тука. Тие ве гледаат, исто како што и ние ги гледаме нив. Многу лесно можеме да ја подигнеме бројката од 300 на 3,000 маринци во оваа земја“, изјави тој.
Предупредувањето следува откако претходно, министерот за одбрана Џим Матис им порача на американските војници во Форт Браг дека над Корејскиот полуостров се надвиле „бурни облаци“.
Пристигнувањето на Нелер и Грин во Норвешка се случува во периодот кога се зголемени тензиите помеѓу САД и сојузниците од НАТО од една страна и Русија од друга страна. Како што пренесува сајтот military.com, Русите наводно упатиле предупредување до норвешката влада дека одлуката за примање на нови американски војници, ќе влијае лошо на односите меѓу двете земји.
Норвешка инсистира да има американски сили со цел да се зајакнат врските со НАТО, но исто така им овозможи и да изведуваат воени вежби во екстремни услови. Сега, Нелер тврди дека САД лесно можат да го префрлат својот фокус од Блискиот исток кон Источна Европа.
Русите се незадоволни од присуството на американските сили во близина на руските граници. 300 маринци беа распоредени во Норвешка во јуни 2016-та година и тоа беа првите странски воени трупи во оваа држава од крајот на Втората светска војна.
Како резултат на зголемената активност на САД во источна Европа, во септември оваа година, Русија спроведе заедничка воена вежба со соседна Белорусија во која што учествуваа 12,700 војници од двете земји.
Да потсетиме, во новата Стратегија за национална безбедност на Доналд Трамп која што беше објавена минатиот понеделник, Кина и Русија се прикажани како две светски сили кои што сакаат промена на светскиот поредок и имаат намера да ја нарушат американската безбедност и просперитет.
Ново на Сител
-
Министерот Мисајловски во Вашингтон на билатерални одбранбени консултации со САД
-
Мицкоски: Албанскиот јазик не е загрозен, лично го почитувам и тоа го покажуваме со дела
-
Курти: Нападот во Бањска беше терористички чин на агресија против територијалниот интегритет на Косово
-
Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година
-
Од денеска цените на дел од прехранбените производи треба да бидат намалени
-
Повеќе лесно повредени лица во сообраќајна несреќа на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе
-
Минималните трошоци во септември 61.306 денари, ССМ се надева дека ако се почитува одлуката на Владата, ќе се намалат трошоците за храна
-
СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари