Кошарка
24. November 2020 - 10:29

Драматично дерби во Белград

Шампионот од АБА лигата, Црвена звезда успеа да стигне до тесна и драматична 86:85 победа над Партизан во дербито во осмото коло на АБА лигата, откако Коди Милер-Мекинтаер утна обид за победа на „црно-белите“.
 
Без публика во вечното дерби, Звезда во поголемиот дел од мечот имаше водство, кое беше и двоцифрено, Партизан успеваше да се врати, пред во драматичен финиш да го загуби мечот.
 
Џордан Лојд беше најефикасен за победниците со 18 поени, Кори Волден додаде 16, додека Томас беше најдобар за Партизан со 19, а Милер-Мекинтаер заврши со 15.
 
По осум кола, Звезда е убедливо прва со осум победи, додека Партизан се на четвртото место на табелата со 4-4 скор.