Македонија
26. October 2023 - 16:19

Драма во скопски Аеродром - Се обидел да силува 35-годишна жена

35-годишна жена пријавила во полиција дека едно лице се обидело да ја силува во скопски Аеродром.

Имено, синоќа околу 22 часот во СВР Скопје 35-годишната жена пријавила дека околу 21.45 часот на подрачјето на Аеродром во објект на правно лице едно лице се обидело да изврши обљуба врз неа, но не успеало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа надлежните.