Драма во Куманово: Прегазил цело семејство, четиригодишното дете тешко повредено
Вчера во 22.30 часот во ПС Куманово, Т.Д.(1993) од с.Биљановце - Куманово пријавила дека по кратка расправија на ул.„Борис Кидрич“ кај Ј.З.У. Уред во Куманово физички ги нападнале три лица и им го оштетиле возилото. Од страна на Јавнен обвинител при ОЈО Куманово и увидна екипа при СВР Куманово извршен бил увид на местото на настанот, при што е констатирано дека на вечерта околу 22,30 часот по претходна расправија со С.А.(1980) во Куманово, Б.И. управувајќи патничко возило „Мерцедес Ц200“ заедно со сопатниците неговиот брат Б. И. и Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил лицата С. А., неговата сопруга М.К.(1980) и нивниот 4 годишен син.
Потоа од страна на итна медицинска помош С.А. е пренесен во МЦ-Куманово додека М. К. и детето како итен случај со возило на брза помош се пренесени на Детска хиругија при Државна болница Скопје. Трите лица дошле во СВР-Куманово каде по обавениот разговор, двајцата браќа се задржани, а Т.Д. е ослободена.
СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање