Драма во Крушево: 51 годишен полицаец нападнал група полицајци со остар предмет
ОВР Крушево поднесе кривична пријава А.А.(51) од Крушево, полициски службеник во Полициската станица Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 31.03.2024 во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево.
По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и дадени се задолжителни мерки да се отстрани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир