-->
-->
Драма во Италија: 157 туристи останаа заглавени во жичница
-->
Вкупно 157 туристи синоќа останаа заглавени во жичница на височина од 15 до 30 метри над земјата во скијачкиот центар Червинија во североисточниот дел на Италија.
Како што јави електоронското издание на италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, причина за инцидентот бил дефект на жичницата, предизвикан од силниот ветер.
Операцијата за извлекување на туристите, кои останаа заглавени во 12 кабини, траела речиси шест часа и заврши синоќа во 23.15 часот. Спроведувањето на спасувачката операција било отежнато од силниот ветер и студеното време.
Претставник на спасувачките екипи соопшти дека сите патници се добро и дека нема повредени лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација