Снимката од овој инцидент е објавена на социјалните мрежи од страна на Павица Вељковиќ која се нашла заробена во автобусот со двегодишно дете. Возачот очигледно изгубил контрола над своето однесување, ги надгласувал патниците во жолчната расправа околу тоа кој е во право.Некои негодувале поради кочењето, некои поради неговото однесувае, а имало и такви кои само сакале да излезат.
-А сега сакаш да излезеш, сега не ти смета кочењето, вели возачот во еден мемент на патникот кој стоел кај предната врата.
Потоа се слуша и гласот на Вељковиќ.
-Овде имам бебе. Ве молам. Имам бебе од две години овде, викаше таа, а една од патничките рекла „Ќе се загуши бебето“.
Случајот е пријавен во компанијата Авала бус плус во Белград и целиот инцидент ќе се истражува, најавуваат од ова претпријатие.