-->
-->
Драма на патот кај Тетово - додека возел одеднаш слушнал силен удар
-->
Драма на патот кај Тетово, заталкан куршум оштети автомобил. Според информациите на полицијата, вчера во 22:50 часот во Полициската станица Тетово, Р.М. (42) од село Теарце, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 22:20 часот, додека се движел со неговото патничко возило „Фолксваген Пасат“ со швајцарска национална ознака по регионалниот пат Тетово-село Јажинце, слушнал силен удар во пределот на кровот. Кога излегол од возилото забележал дека е оштетено од заталкан проектил од огнено оружје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада