Драги: Популизмот ги ослабна европските интеграции
Јакнењето на популистичките движења претставува закана за европските интеграции и напорите за изнаоѓање заеднички одговор на миграцијата и безбедносните и другите заеднички проблеми, изјави претседателот на Европската центрлана банка (ЕЦБ) Марио Драгхи во интервју за денешниот број на шпанскиот весник „Ел Паис“.
Според Драги, најголема загриженост кај граѓаните во ЕУ предизвикуваат миграцијата, антитерористичките безбедносни мерки, одбраната и заштитата на границите.
- Сите тие наднационални проблеми бараат заеднички одоговор. Европските интеграции се соодветен одговор, но ослабнаа во последно време, делумно и поради популистичките движења, истакна Драгхи.
Претседателот на ЕЦБ не ги именуваше конкретните попилиситчки партии, но очигледно алудира на британската Партија за независноста на Обединетото Кралствоа (УКИП), која го иницираше Брегзитот и на францускиот Национален фронт, кој се залага за референдум во Франција за напуштање на ЕУ.
Драги оцени дека во пресрет на изборите во Франција, Германија и Холандија, три земји каде јакне влијанието на популистичките движења, зголемен е ризикот дека владејачките партии можат да го оттргнат вниманието од потребните структурни реформи, со што ќе ги отежната напорите на ЕЦБ за поттикнување на растот.
Коментарите на Драги за европските интеграции како одговор на безбедносните проблеми дојдоа во време кога ЕК се подготвува да го претстави нејзиниот најголем план за повеќе од една деценија необновената воена индустрија вреден 96 милијарди евра од нејзиниот заеднички фонд за истражување.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоoсомничениот Палевски во притвор
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач