ДПС на Ѓукановиќ со порака до меѓународната заедница да молчи, а тие ќе се обидат да направат влада
Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ денеска објави дека е подготвена за постизборни разговори со потенцијални партнери за формирање нова влада и ја повика меѓународната заедница да молчи, како што тоа го правела досега кога станува збор за мешање во изборниот процес во Црна Гора од страна на соседната држава и Црква.
Ова беше објавено по седницата на претседателството на партијата одржана синоќа, со која претседаваше Ѓукановиќ, на која беа анализирани резултатите од парламентарните избори одржани на 30 август.
Тие наведуваат дека изборните резултати на ДПС биле „под очекувањата“, но дека, сепак, партијата е „поединечен победник“ на изборите.
„Таквиот резултат е уште позначаен затоа што беше постигнат во контекст на пандемијата Ковид-19 и нејзините последици, невидена пропагандна кампања од соседството и нејзините водачи и отвореното учество на Српската православна црква во изборни процеси, што е незабележано во модерна Европа и за жал, тоа беше е осудено од меѓународната заедница“, оценува партијата.
Тие посочуваат дека ДПС е подготвена за постизборни разговори со потенцијални партнери, пред се со партиите со кои досега конституираше парламентарно мнозинство, пренесува Танјуг.
Меѓународната заедница, посочуваат тие, оваа одлука треба да им ја препушти на црногорските политички субјекти.
„Црна Гора нема да дозволи историјата да се повтори по еден век, во кој „некогаш беше монета за поткусурување на клучните земји и нивните интереси на Балканот“, се вели во соопштението, додавајќи дека седницата на ДПС ќе се одржи в петок, 4 септември.
Ново на Сител
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди
-
Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад
-
Минчев: Министерството за јавна администрација в понеделник со конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“
-
На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона
-
Гвардиола подготвен да помогне да се најде нов менаџер на Манчестер Сити
-
Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
-
44-годишник претепал полицаец кој му напишал казна на неговиот син