Македонија
15. May 2018 - 16:20

ДПА и БЕЗА на Гаши влегуваат во владата на Заев

По 10 години, ДПА на Мендух Тачи влегува во власта. Тачи ќе партиципира во владата на Заев со министер без ресор задолжен за странски инвестиции, што до локалните избори припаѓаше на Рамиз Мерку од ДУИ. Денеска партиските тела потврдија дека кандадат на ДПА за оваа позција е поранешниот пратеник Бардуљ Даути. Партијата добила и заменик министер за транспорт и врски. За таму се предлага Митасим Бекири.

Промените ги потврди и премиерот Заев. Тој нема проблем со довербата на ДПА иако Тачи беше дел од бомбите за тоа дека покажува лојалност на ВМРО-ДПМНЕ

- довербата е релативна, битни се имињата, Тачи нема да биде член на Владата , изјави Заев 

По повеќемесечни преговори, нов партнер на Заев ќе биде и крилото на Беса кое го предводи Африм Гаши. Тие засега неофцијално потврдуваат дела го добиле министерството за култура кое сега го води Роберт Алаѓозовски од СДСМ. Иако се споменуваше дека кадровско решение за оваа позиција е поранешниот пратеник Зекирија Ибраими, тој го одбива предлогот.

Дел и од прераспределбата на заменичките места во министерствата за надворешни работи и  за труд и социјала кои се празни уште од моментот кога Алијансата за Албанците ја напушти Владата.

Со влегувањето на Тачи и Гаши во владата и претходно на Чедомир Саздовски и Ам,бди Бајрам парламентарното мнозинство ќе се зголеми за пет пратеници.

Во претстојната реконструкција на Владата, можно е да дојде и до ротација на министерските позиции меѓу СДСМ и ДУИ. ДУИ е заинтересирана за образование за сметка на правда.

Реконстерукцијата, според најавите на премиерот би се случила до крајот на наредната недела. Тој не сакаше да спшомене кои од досегашните имиња во кабинетот би биле опфатени со промените.