Дознајте со колку луѓе имате исто презиме и каде живеат
Сметате дека имате несекојдневно и единствено презиме, но сигурно барем еднаш во животот сте се запрашале колку луѓе во светот го носат вашето презиме.
Новата интернет страница „Ворлд Нејмс“ („World Names“) нуди одговор на ова прашање.
Откако на страницата http://worldnames.publicprofiler.org ќе го напишете вашето презиме и вашата и-маил адреса, од базата на податоци ќе се прикаже бројот на лица кои имаат исто презиме како вашето и во кои држави живеат.
Освен на оваа страница, вашето презиме можете да го проверите и на страницата Forebears.in. Во базата на податоци на оваа страница има 11 милиони презимиња, пишува „Ајриш Екзаминер“.
На оваа страница постои и опција со која можете да дознаете и занимливости за вашето презиме, како и негови варијации.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка