Доживотен затвор за силувачите во Србија
Во Србија со измените на Кривичниот законик (КЗ), предложени од Министерството за правда, се предвидува за сите облици на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и казна доживотен затвор, јави дописникот на МИА од Белград.
Во интервјуто за белградска Политика, министерката за правда Маја Поповиќ изјави дека значително ќе се заострат казните за семејно насилство, а согласно иницијативата на родителите на убиените деца на пешачки премини и во јавниот сообраќај, ќе се менуваат и санкциите за тешко кривично дело против безбедноста на сообраќајот.
– Предложено е за сите форми на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и доживотен затвор. Кога станува збор за кривичното дело обљуба со злоупотреба на положбата, се предлага тој што ќе се утврди дека го сторил ова дело да се казни со затворска казна од шест месеци до пет години, рече Поповиќ.
Таа додаде дека е предложено доколку настане бременост како резултат на извршувањето на ова кривично дело, сторителот да се казни со затвор од една до 10 години, наместо досегашната казна затвор од шест месеци до пет години.
Се предлага заострување и пропишување на затворската казна во интервал од една до 10 години и за кривичното дело семејно насилство сторено со употреба на оружје, опасно орудие или други средства погодни за тешко повредување на телото или тешко нарушување на здравјето. Сегашната затворска казна се движи од шест месеци до пет години.
За основната форма на кривичното дело семејно насилство предложено е заострување и пропишување затворска казна од шест месеци до пет години, наместо досега пропишаната затворската казна од три месеци до три години.
Ново на Сител
-
Тркалезна маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд“
-
Најмногу дожд во Прилеп, времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
-
ФФМ: Целосно ќе го исчистиме ѓубрето во македонскиот фудбал
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството
-
Без струја делови од неколку скопски општини
-
Дваесет и четири години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце
-
Владата и парламентарното мнозинство се стабилни и покрај превирањата во Вреди, после 1 мај ќе се знае дали Таравари останува
-
Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина