Дождот го изгасна и пожарот во Националниот парк "Преспа" во Пустец
По 12 дена изгаснат е пожарот во Националниот парк "Преспа" општина Пустец, Мала Преспа, објави на Фејсбук Нертил Јоле, префект на округот Корча, каде територијално припаѓа и општина Пустец.
- Панорама од нашата Преспа со прекрасна природа, по 12 дена пожари и борба со нив, што овозможи да се локализира пожарот. Во моментов ситуацијата е многу мирна, бидејќи во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта имаше врнежи од дожд и пад на температурата, напиша Јоле.
Наведува дека според прогнозата на Воената метеоролошка служба и утре ќе има врнежи од дожд па нема опасност од повторно разгорување.
- Сепак, следните денови од администрацијата на Регионалната агенција за заштитени подрачја како и од службата на општина Пустец, ќе има мониторинг на терен за обезбедување, стои во објавата.
Тој упатува апел до граѓаните да бидат внимателни за да "не се уништува и да се заштити природното богатство".
Во пожарот беа уништени над 300 хектари.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН