Доставувач фатил во раце девојче кое паѓало од 12-ти кат
Имено, чекајќи да ја достави испораката, во еден момент погледнал во згадата и здогледал девојче како виси на ивиците од балкон на 12-ти спрат.
Нгујен Нгок Манх реагирал инстиктивно и веднаш истрчал од возилото, обидувајќи се да најде начин со кој ќе го спаси детето кое секоја секунда можело да падне во смрт.
Проценувајќи ја ситуацијата, човекот се качил на настрешницата во долниот дел од зградата, под местото на кое девојчето се обидувало да одржи рамнотежа.
Тоа не успеало, па во еден момент почнало да паѓа надолу. За среќа, мажот успеал да го фати детето во вистински момент, и паднало точно во неговите раце.
На снимката која се појави на социјалните мрежи, се гледа целиот ужас од она што можело да се случи и се слушаат вресоци од луѓето кои го набљудуваат тоа, но не можеле да помогнат.
„Слушнав како плаче дете, а потоа и некој како веска за помош. Кога погледнав низ прозорецот на автомобилот, имав што да видам - тоа девојче висеше над бездна од 50 метри! Излетав од возилото и почнав да размислувам како да му помогам. Се качив на два метри висока настрешница и во еден момент и самиот почнав да губам рамнотежа. Меѓутоа, успеав да се стабилизирам и детето во еден момент ми падна во раце“, раскажал тој за локалните медиуми.
Кога го фатил девојчето, сфатил дека му тече крв од уста и веднаш повикал Брза помош, која го сместила во болница.
„Не можев да размислувам за тоа што го направив. Штом видов како виси, помислив на ќерка ми и тоа ми даде сила“, рекол доставувачот, кој после херојскиот чин добил многу пораки за поддршка.
Ново на Сител
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло, температурата до 36 степени
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44